Прилеп
Прилеп — град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија.Прилеп е познат како „градот под Марковите кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко .
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место.Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка.
Маркови Кули
Маркови Кули е наоѓалиште во централниот дел на Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп.На 10 април 2006 година, наоѓалиштето е прогласено за Споменик на природата.Исто така на наоѓалиштето на Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на
некои им личел и на штрк) кој е составен од две природно споени карпи.
Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка.
Постојат и повеќе верувања дека С
лонот се користел и во религиозни
обреди на предците.
Крале Марко бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и пошироко. Кралството на Марко е со средиште во Македонија со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал. Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.
Супер!
ReplyDeleteМногу добро напишано.Браво Ирена!
ReplyDeleteПреубаво
ReplyDelete