Прилеп Прилеп — град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија.Прилеп е познат како „градот под Марковите кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко . Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место.Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка. Маркови Кули Маркови Кули е наоѓалиште во централниот дел на Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп.На 10 април 2006 година, наоѓалиштето е прогласено за Споменик на природата.Исто така на наоѓалиштето на Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на некои им личел и на штрк) ...